Упатства


Која е структурата на курсот?

Откако ќе се најавите имате пристап до Бриџдејл360 каде што може да најдете 21 (главна) активност поврзана со одржливоста. Можете да ја проверите и англиската верзија на курсот, која се состои од околу 80 активности (вклучувајки ги погорните 21 кои се веќе преведени).


Како да сработите една од активностите?

За активноста да се смета за сработена, треба да:

  1. Поднесете пишан извештај, текст, резиме и слично, и (ако се бара тоа) да поставите и слика откако ќе ги проследите чекорите кои се спомнуваат во активноста. Пишаниот извештај се состои од одговорите на прашањата за размислување (кои се наоѓаат при крајот на секоја активност), резимирање за процесот низ кој сте прошле или друг вид на пишан текст (ако се бара).

  2. Прегледајте најмалку еден извештај од некој друг учесник кој ја направил истата активност и пратете му писмена евалуација (фидбек).

Активноста автоматски ќе се одбележи како готова кога ќе ги сработите споменатите чекори.


Како да поставите извештај или слика?

  1. На крајот од секоја активност се наоѓа копчето за поставување извештај или слика (“Додади нова тема за дискусија”) – најдете го и кликнете на него.

  2. Влезете во формуларот за уредување на извештаи или слики. Поставете пишан извештај (пишани одговори на прашањата за размислување, резиме или друг вид на текст ако тоа се бара во активноста).

    Смислете нешто оригинално за да го впишете во полето (“Вашата нова тема на дискусија“) – првично само тоа поле го гледаат и другите ученици на курсот.

  3. Штиклирајте ја кутијата за известувања (“Notifications”) ако сакате да бидете известени кога некој ќе постави фидбек на вашата објава.

  4. Додадете слика (ако се бара тоа) со кликање на симболот во горниот лев агол.

  5. Можете да поставите слика од максимум 2 мегабајти. Може да поставите само по една слика за секоја активност.

    Ако сликата ги надмине ограничувањата за големина, смалете ја преку софтвер за уредување на слики. Вакви алатки има и на интернет. Ви ги препорачуваме:

    - за уредување по една слика: http://www.resize-photos.com/

    - за уредување неколку слики одеднаш: http://birme.net/

    Препорачаната ширина на сликата е 1000 пиксели.

  6. Кликнете на копчето за поставување (“Испрати ја пораката”). Вашата објава ќе ја најдете на крајот од активноста.


Како да дадете фидбек на друг учесник?

  1. Отворете еден извештај од друг ученик во курсот.

  2. Најдете го копчето „Одговор“ и кликнете го. Тоа се наоѓа во долниот десен агол (ако има слика – под неа).

  3. Напишете фидбек на истиот начин како што се поставува и извештај.


Како да го сработите цел курс?

За да го сработите курсот и да добиете сертификат за сработен курс, треба да ги сработите сите 21 активности. Потоа одете на главната страница и кликнете на ова копче!Then go to the main page and press this button!



Last modified: Tuesday, 18 October 2016, 1:43 PM