Бесплатна продавница


flickr photo shared by Vanessa Marie Hernandez under a Creative Commons ( BY-NC ) license

Вовед

Време е да станете продавачи! Да, можете!


Продавницата ќе биде како од соништа - продавница каде се е бесплатно! Па, речиси бесплатно. Најверојатно нема да ги најдете најновите електронски уреди во оваа продавница, но доста е можно да најдете некоја стара верзија од истите. Можеби продавницата нема да биде отворена 24/7, но тоа потполно зависи од вас и од замислата на продавницата.


Бесплатната продавница е место каде секој може да донесе релативно добри предмети и да ги даде како подарок на другите. Со други зборови, секој кој сака да си ги земе овие подароци ќе може да го направи тоа. Можеби сепак ќе има кутија за донации, бидејќи одржувањето на продавницата обично подразбира доброволна работа и трошоци, како кирија и струја во поформални средини.


Да се забавуваме и да започнеме полека, со создавање на простор за размена на работи кои веќе не ги користиме или не ни требаат. Можеби овој едноставен експеримент ќе ве направи славни во локалната заедница - подгответе се за мноштво изненадувања!

Вид на активност

Индивидуална или групна/Практична

Времетраење

1 ден за да се постави, многу денови за одржување, 1 месец за набљудување

Цели на учењето

  • Да се запознаеме со концептот за бесплатни продавници преку пракса

  • Да искусиме економски систем заснован на подароци

  • Да се запознаеме со можностите за споделување/размена во нашата локална средина

Упатства

Потребни материјали и алатки:

  • Разни алати и матријали за да се создаде катче за вашата бесплатна продавница

Упатства (чекор по чекор):

  1. Најдете локација која е лесно пристапна за многу луѓе во вашата локална средина. Добра локација е обично место каде многу луѓе (вклучувајчи ве и вас самите) минуваат секој ден. И вашиот двор може да биде соодветна локација!

  2. Обмислете и изградете примамливо место за складирање. Може да биде дел од мебел, маса, тезга со покрив итн. Не очекуваме да изградите вистинска продавница, туку едноставно да имате одредено место кое може да биде потполно импровизирано; она што е важно е луѓето да знаат дека може да земаат и оставаат работи.

  3. Направете ја потребната промоција на самото место и во околината. Не заборавајте да ги објасните главните принципи на вашата продавница - на пример дека се работи за споделување работи, рециклирање и грижа за другите! Можете да додадете интересни слогани или натписи за да привлечете внимание.

  4. Однесете барем еден предмет што го поседувате во продавницата. Можете да најдете нешто што не ви треба дома, чистејќи си ја собата, куќата, гаражата итн.

  5. Поканете ги луѓето да ја посетат продавицата, да остават работи и да си земат подароци. Почнете со вашите пријатели и користете социјални мрежи и/или локални табли за огласување за да ги потсетите луѓето за оваа можност. Ќе поминат неколку недели пред да ги видите резултатите од оваа идеја - бидете трпеливи!

Ресурси

Прашања за размислување

Одговарајте ги прашањата еден месец откако ќе ја отворите бесплатната продавница!

  • Како функционира вашата бесплатна проавница сега?

  • Со какви предизвици се соочивте?

  • Ги гледате ли поволностите при разменување на работи што не ви требаат со други луѓе на коишто можеби им требаат?

  • Каков беше односот на локалното население?

  • Размислете за поволностите од економски, еколошки и општествен аспект

    • Запознавте ли нови пријатели?

    • Успеавте ли да заштедите пари?

    • Успеавте ли да го намалите вашиот еколошки отпечаток?

Упатства за поднесување

Поднесете една фотографија од бесплатната продавница како и вашите пишани одговори на прашањата за размислување во Мудл (за колегите да можат да ви дадат фидбек). Упатството за да поставите слики и документи во Мудл се наоѓа овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.


(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)