Создади го твоето социјално претпријатие од соништата



Вовед

„Луѓето пред профитот”! Да… но во лудата трка на правење профит во денешно време, дали е ова уште еден утописки сон - дали навистина може да ги ставиме луѓето пред профитот и сепак да заработиме доволно за живеење?Токму тоа го нарекуваме социјално прептријатие - бизнис инспириран од остварување на позитивни промени во општеството и неговата животна средина. Тоа може да биде буквално сè, единствен услов е дека ги ставаме на прво место луѓето и животната средина! Дали сте слушнале за Софија Кламп, канаѓанка која е позната како жената која ги задржала ученичките во Уганда во училишните клупи? Нејзината приказна е едноставна: Софија останала без тампони додека била во Уганда и не можела лесно да најде повеќе таму каде што била. Таа  ги почувствувала потешкотиите на многу африкански девојки: „Наскоро сфативме дека локалните девојки се справувале со менструацијата со помош на локалниот весник, кори и крпи секој месец и често не оделе на училиште за време на целиот период додека имале менструација”. Затоа Софија го креираше „Африпад“ - револуционарна социјална фирма која произведува повеќекратни влошки кои се перат, со помош на машини за шиење на педали! Социјалната фирма е моментално најголемиот работодавец во таа област!


Всушност, можеме да ги ставиме луѓето и животната средина на прво место и сепак да заработиме за нормално живеење. Ние може да го живееме нашиот сон и да му служиме на човештвото. И зарем има подобро место за започнување од одржливоста?


Во оваа активност ќе се запознаеме со концептот на социјално претприемништво и ќе создадеме наша социјална фирма!


Предупредување! Оваа активност може да го ослободи вашите претприемачки вештини и да ве направи среќни!

Вид на активност

Индивидуална / Теоретска

Времетраење

Помалку од 2 часа

Цели на учењето

  • Да се замислиме себеси како социјални претприемници

  • Да воспоставиме врска помеѓу личните таленти, интересот, бизнис можностите и корисноста за општеството

  • Да се инспирираме од другите и да се отвориме за соработка

Упатства

Упатства (чекор по чекор):

  1. Запознај се со концептите на Социјално претприемништво и преодно претпријатие.

  2. Одлучете на која бизнис идеја ке работите. Одете на долга прошетка, направете бура на идеи / забелешки, медитација, итн. ако е потребно. Размислете да ја направиете вежбата “Твојата најголема радост / најголемата светска потреба” во склоп на модулот „Работилница“ (достапна само на англиски). Друг начин да се инспирирате е www.kickstarter.com или некоја друга веб страна која нуди финансирање. Тие се полни со повеќе или помалку луди бизнис идеи, од кои многу се одржливи или етички.

  3. Направете презентација на вашата бизнис идеја вклучувајќи ги следните точки. Пробајте да вклучите што е можно повеќе од нив. Исто така вклучете и други информации кои може да бидат важни за да се убедат другите да ја поддржат вашата идеја.

    1. Име на проектот

    2. Сервис / продукти кои ќе ги нуди. Колку ке чини?

    3. Дизајн на прототипот ако е возможно.

    4. Опишете ги иновативните аспекти на концептот.

    5. Опишете како бизнисот промовира одржливост?

    6. Како ке го организирате првото финансирање? (Проверете ги алтернативните извори на финансирање на интернет, како „crowdfunding“)

    7. Колкаво е предвиденото време за да стане профитабилен?

    8. Која е вашата маркетинг стратегија?

  4. Размислете и обмислете како ќе им го претставите вашиот проект на другите, на два начини:

    1. Лифт презентација: ова ќе ви помогне да ја прочистите основата на вашиот проект за да им биде многу јасен на другите и да ги заинтересира. Ова е корисна вежба за да утврдите добро која е основата и фокусот на вашиот проект.

    2. Продолжена проектна презентација: во случај некој ако е заинтересиран да дознае повеќе за вашијот проект или ако имате можност да го презентирате некаде, добро е да подготвите подолга верзија од вашата лифт презентација каде ќе прикажете повеке детали.

  5. Презентација на идејата - презентирајте ја вашата идеја на пријателите и на луѓе на кои им верувате, поединци или групи. Прашајте ги дали имаат прашања.

  6. Повратни мислења (фидбек) и можности:

    1. Пробајте го следниот начин на примање повратна информација (фидбек) и разгледување повеќе можности: Охрабрете ги луѓето да ви дадат повратни мислења/можности (“Ве молам дадете ми повратно мислење за моите идеи.”) Останете отворени и ценете го фактот дека повратното мислење додава вредност.

    2. Сега е важно да бидете тивки!

    3. Дозволете една личност да зборува додека не дојде до природен крај на зборувањето.

    4. За да охрабрите понатамошна вредна повратна информација прашајте: "Дали имате уште нешто на ум што можеби сте го испуштиле?” Останете тивки.

    5. Без разлика што ќе кажат, запишете го тоа на хартија. Може да звучи чудно на почеток, но вредно е.

    6. Дозволете секому да даде повратно мислење и по втор пат. Кога ке завршат, кажете: "Ви благодарам!”

  7. Гледајте ги другите луѓе како потенцијални “инвеститори” во вашата бизнис идеја. Инвестицијата може да дојде во многу форми како пари, идеи, материјали или соработка.


*ИЗБОРНО

Изберете претприемач или организација со визија или цел за која чувствувате страст. Имајте на ум дека треба да биде поврзано со социјално преприемништво, па така комбинирајте ги социјалната правда, заедничкото добро, одржливоста итн. со заработувањето за достојно живеење! Тоа може да биде непрофитен или профитен ентитет, кооператива, колективна организација, занемарен ентитет, социјален бизнис, бенефитна корпорација, компанија со интерес во заедницата или добротворна организација. Пробајте да се поврзете со претпријатието или организацијата преку е-маил, скајп или со закажување на лична средба. Пробајте да организирате посета на терен за да ја искусите од прва рака работата на овие инспиративни луѓе и разговарајте со нив! Не се плашете да прашувате колку сакате - тие ќе го ценат тоа и вие сте таму за да научите и да растете! Ако е можно, пробајте да бидете еден ден (или повеќе) на пракса, да волонтирате или да набљудувате! Искуството може да ви го смени животот!


За повеке инспирација, погледнете ја активноста “Потрага по луд претприемач” (достапна само на англиски).

Ресурси

Прашања за размислување

  • Како вашата идеја е поврзана со вашата страст и талент?

  • Која ќе биде вашата лична улога и вклученост?

  • Кои “светски потреби” ќе ги исполни бизнисот, ако се оствари?

  • Дали вашата бизнис идеја е одржлива и етичка - и зошто?

  • Кои се ризиците и можностите?

  • Каква поддршка ви треба за да продолжите понатаму?

Упатство за поднесување

Прикачете ја вашата презентација (1 фотографија) и поднесете кратка пишана евалуација, за да може вашите колеги да ви дадат фидбек. Упатствата за прикачување фотографии и документи во Мудл се наоѓаат овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.
(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)