Како да направите компост


flickr photo shared by Willowtree2005 under a Creative Commons ( BY-NC ) license

Вовед

Компостирањето е еден од најдобрите примери за циркулацијата на хранливите материи и за реупотребата на хранливите материи од мртвата природа кои ствараат нов живот. Да, едноставниот компост што човештвото го користи илјадници години е добра алатка за претворање на органскиот отпад во богато ѓубриво потребно за одгледување на храна.


Ајде да ги научиме основните принципи на компостирање со користење само на органски отпад што веќе го произведуваме во вашата кујна. Кога ја фрламе на традиционален начин преку системот за комунален отпад, огромен процент од нашата храна завршува во депониите. Наместо тоа ќе ја претвориме во домашно ѓубриво кое можеме да го користиме во нашата градина - дури и ако таа се состои само од една саксија цвеќе!


Треба да знаеме дека нема унифициран компост за сите - вашиот компост ќе биде целосно уникатен и прилагоден на вашите потреби и животен стил. Направете простор за вистинска креативност!

Вид на активност

Групна или индивидуална / практична

Времетраење

1 ден за воспоставување

Цели на учењето

  • Да ги научиме основните принципи за правење компост и почва

  • Да се здобиеме со свесност за трошењето на храната и како да се справиме со истото

  • Да научиме за рециклирање на хранливите материи и за системите на затворени циклуси

Упатства

Потребни материјали и алатки:

  • Било каква фабричка или рачно изработена канта за компост, по можност.

  • Состојќи за компост.

Упатства (чекор по чекор):

  1. Внимателно проценете ги вашите можности за компостирање според вашиот животен стил. Ова можете да го направите индивидуално или тимски. Овие прашања можат да ви послужат како водилки:

    1. Дали произведувате доволно компост материјал за голем компост или само за мала кофа?

    2. Каде можете да компостирате? Во кујната, градината, шпајзот, на балконот итн.?

    3. За што би го користеле готовиот компост? Само за домашни растенија, за градинарство…?

  2. Одлучете за големината, локацијата и составувањето на корпата за компост.

  3. Следете ги упатствата подолу!

  4. Сликајте ги вашите растенија од почеток до крај.

Главни упатства при компостирање:

  • Компостот треба да е под дебела сенка.

  • Одржувајте баланс помеѓу кафената и зелената материја (Кафена: мртви лисја, гранки, прачки, слама, сено, хартија итн. Зелена: горен дел од треви, отпадоци од зеленчуци и овошје, животински измет од штала, талог од кафе итн. Ако компостот е млако топол и нема мирис на амонијак, тоа е добар показател дека се одржува балансот)

  • Компостот треба да се луфтира и да биде мокар. За да се постигне тоа, може да додадете слој од гранчиња на дното. Од време навреме наводнувајте го компостот со додавање малку вода кога ќе видите дека материјата е сува.

  • Работете со слоеви. Додавајте отпаден материјал во тенки слоеви со различна структура и густина. На пример: прво делови од трева, па потоа слама, и отпадоци од зеленчук на врвот. Сецкајте ги состојките што е можно поситно - ова обезбедува побрзо компостирање.

  • Следните состојки НЕ ги додавајте во компостот: месо, риби, јајца, млечни производи, маст и масна храна, коски, измет од кучиња и мачки, заболени растенија и семиња на тревести растенија. Не само што овие состојќи не се добри за компост, туку исто така привлекуваат и стаорци!

  • Компостот е готов кога е црн, земјест, мириса добро и не е густ/тврд. Можеби ќе ви останат неколку крупни парчиња: можете повторно да ги ставите во компост.

Ресурси

Прашања за размислување

  • Со какви предизвици се соочивте?

  • Што би ги советувале вашите пријатели кои сакаат да направат компост? Пробајте да именувате барем еден основен принцип од вашето искуство.

  • Како можете да го подобрите вашиот компост во иднина?

Упатства за поднесување

Поставете слика од вашиот компост, како и одговори на прашањата за размислување во Мудл (за да можат другите учесници да ви дадат фидбек). Упатството како да поставите слика и одговори на прашањата во Мудл се наоѓа овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.

Поврзани теми

Активност: Направете сопствен компост-тоалет (достапна само на англиски)
(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)