Претприемник за отпад


Вовед

„Нула Отпад“ е концепт што можеби изгледа потполно нереално за некои луѓе, филозофија за преосмислување на потрошувачкиот стил и животни циклуси на ресурсите за целокупниот отпад да биде повторно употребен, ништо да не се фрла.

Иако во нашето општество не е многу застапено, има примери од луѓе кои веќе живеат на овој начин, докажувајќи дека е можно! Идејата за отпад што не може повторно да се употреби во целост произлегува од луѓето, доволно е само да погледнеме низ нашите прозори за да бидеме инспирирани од природните циклуси на „Нула Отпад“, повторна употрба и рециклирање на се што постои.


Оваа активност истражува како може да ги искористиме материјалите што најчесто се фрлаат како отпад, а тоа ќе го истражиме преку процес што се нарекува “прециклирање” (upcycling на англиски). Процесот на прециклирање додава вредност на предметот или материјалот што инаку би се гледал како безвреден. Ова може да се направи преку комбинирање со друг „отпад” или преку наоѓање на нови начини на негова употреба без многу измени! Изработка на ќеса од стари гуми од велосипед, создавање уметност од грамофонски плочи, користење на отпадни градежни материјали за правење мебел и претварање органски отпад во ѓубриво - сите овие се примери за „прециклирање”.


Време е да бидеме креативни! Време е да го претвориме т.н. отпад во нешто корисно!

Вид на активност

Индивидуална/практична

Времетраење

Може да трае неколку часа или неколку дена

Цели на учењето

  • Да се смени нашата врска со ресурсите и отпадот како и одново да се дефинираат истите, увидувајќи ја потенцијалната убавина во она што инаку би се гледало како бескорисно

Упатства

Потребни материјали и алатки:

  • Отпад

  • Алатки за создавање и поправање

Упатства (чекор по чекор):

  1. Инспирирајте се! Индивидуално или во група, истражувајте на интернет, прочитајте некои списанија, гледајте видеа за да најдете примери за прециклирање што ќе ви бидат интересни. Можете да ги користите и ресурсите во параграфот „Ресурси“ кој се наоѓа подолу.

  2. Посетете некој локален центар за рециклирање, депонија или отпад, погледнете околу себе за да најдете работи што може да се прециклираат. Можете да осмислите и самите идеи или едноставно да ископирате нешто на што сте наишле при вашето истражување. [Внимавајте: Секогаш е добро да се провери, има различни правила за она што можете да го земете бесплатно. Не заборавајте дека секогаш можете едноставно да го користите отпадот од вашата или од куќата/работата на пријателите/семејство]

  3. Време е да бидете креативни! Дури и ако сте решиле да ископирате нешто што сте го нашле на интернет, ве охрабруваме да бидете креативни и да си ја направите креацијата на свој личен начин! Запомнете дека секогаш е поволно да се работи во тим и ако заглавите, слободно прелистајте ги ресурсите повторно и изменете ја идејата! Особено првиот пат може да ви треба повеќе време, но се надеваме дека на крај ќе имате нешто со кое ќе бидете многу горди.

  4. Откако ќе завршите, одвојте време за размислување. Дали некој дел од процесот можеше да биде поефикасен? Што ќе направите поразлично наредниот пат?

  5. Поставете си ги прашањата: “Можам ли да користам прециклирање во мојата работа? Може ли прециклирањето да биде работа или бизнис само по себе?“ Размислете за одговорите во себе или во група. Размислете кому би му бил потребен проектот и како би го користеле. Колку би можел да чинел или за што би можеле да го размените?

Ресурси

Прашања за размислување

  • Зошто треба да рециклираме и прециклираме?

  • Што беше најнеобичниот аспект во процесот?

  • Познавате ли некој што работи со прециклирање како професија?

  • Мислите ли дека е корисно да се создаваат нови работи од од отпад?

Упатства за поднесување

Поставете една фотографија од вашиот производ и напишете промотивен текст за неа во Мудл (за да можат другите учесници да ви дадат фидбек). Промотивниот текст за вашиот производ треба да објаснува зошто другите луѓе би требало да го купат. Упатства за поставување слика во Мудл или како да се напише промотивен текст се наоѓаат овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.

(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)