Измерете го вашиот „воден отпечаток“


Вовед

На што помислувате кога ќе ја слушнете фразата „воден отпечаток”? Дали помислувате на водата што ја пиете од чешмата? Водата што ја користите за миење на садовите или за туширање? Ова е т.н. „директен воден отпечаток” но поголемиот дел од нашиот воден отпечаток всушност се состои од нашиот „виртуелен воден отпечаток” - водата која ја користиме при нашиот конзумеризам. Ова може да биде што и да е, од фармерките што ги купуваме, сите сендвичи што ги јадеме, греењето во нашите домови, транспортот што го користиме но и водата која ја штедиме при рециклирање хартија и пластика!


Нашата нова маица чини 2800 литри вода. Потребни се 320 000 литри вода да се произведе челикот за една кола. Згора на сè, нашите автомобили возат на бензин - потребни се многу големи бензин! А дали занете дека храната што ја јадеме сочинува над ⅔ од нашиот севкупен воден отпечаток? Навистина е така! Ова е особено поврзано со месната индустрија - само за производството на половина килограм говедско потребни се 7200 литри вода! Ова се должи на водата која се троши на храната за говедата (растење на трева, фуражна или сточна храна итн), како и самата вода што говедото ја конзумира.


Со тоа што стануваме свесни како ги (ре-)употребуваме работите, како и намалувањето на нашата потрошувачка на добра се првите важни чекори кон намалување на нашиот воден отпечаток. Можеме да заштедиме до 14 литри вода само со рециклирање на нашиот дневен весник! Во оваа активност ќе се обидеме да ги разгледаме различните начини на намалување на нашиот воден отпечаток.

Вид на активност

Групна или индивидуална/Практична

Времетраење

3 дена

Цели на учењето

  • Да научиме како да го намалиме нашиот воден отпечаток

Упатства

  1. Истражувајте на интернет практики за штедење вода. Ова треба да вклучува директно штедење на вода и виртуелно штедење на вода. На пример, да ги миеме садовите со тоа што ќе го наполниме лавабото или сад со вода наместо водата да тече постојано, туширање не повеќе од 4 минути, затворање на чешмата кога си ги четкаме забите, примена на систем на собирање дождовница во куќата, можеби дури и непуштање вода доколку се работи само за урина во шолјата итн. во поглед на директниот воден отпечаток. Уште поважно, обидете се да го намалите својот виртуелен отпечаток. На пример, намалете (или елиминирајте) ја употребата на автомобилите и автобусите од вашата дневна рутина во текот на 3 дена и користете го само својот велосипед, обидете се да рециклирате колку што е можно повеќе, обидете се да не купувате пластични производи, и дури можете да пробате да бидете веган 3 дена!

  2. По завршувањето на овие 3 дена, размислете кои се работите што мора да ги имате/правите и што можете да елиминирате? Направете листа; можеби сакаете месо но би можеле да се откажете од него или пак само да ја намалите количината на говедско што го конзумирате (со оглед на тоа што говедското е најголемиот потрошувач на вода од сите видови на месо)? Или можеби морате да патувате до работа но би размислиле да патувате со уште некој друг во автомобилот? Обидете се да најдете компромиси кон кои ќе се придржувате долгорочно; запомнете - не се работи за потполно одрекување од некои работи, туку за намалување на нашата потрошувачка!

Ресурси

Прашања за размислување

  • Дали откривте нови нешта додека ја правевте оваа активност?

  • Дали чувствувате дека не ви е потребна водата која успеавте да ја заштедите кога започнавте со практика на штедење на вода?

  • Дали ја гледате врската помеѓу нашите секојдневни навики и водата која ја користат други екосистеми и луѓе од други места?

Упатства за поднесување

Напишете кратко резиме во кое ќе опишете која практика за штедење вода ја сметате за најлесна а која за најтешка, и поставете го резимето во Мудл. Упатства за поставување работи во Мудл можете да најдете овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.

(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)