Мини-екосистем во шише


Вовед

Ако ставиме земја и растенија во затворена соба, создаваме околности подобро да ги разбереме основните животни процеси и заемна поврзаност во природата. Работите што порано сме ги научиле за дишењето и фотосинтезата на растенијата наеднаш стануваат многу поинтересни кога ги ставаме во потполно затворена просторија! – Ќе успеат ли да преживеат и ако да, како е тоа можно?


Животните процеси што ќе се случуваат во шишето можат да поттикнат дискусии од градинка до универзитет. Кога се помлади, учениците можеби се прашуваат за убавината или магијата на „затворената градина“. Повозрасните пак, можеби ќе се прашуваат за различните типови на циркулација што го оджуваат системот во живот или пак само-организацијата и системските динамики. Шишето ни овозможува едноставен преглед во тоа како работи еден екосистем или целата биосфера. Исто така претставува корисен модел кога дискутираме за резервоарите на јаглерод диоксид, ефектот на стаклена градина и климатските промени.

Вид на активност

Групна или индивидуална/Практична

Времетраење

2 часа

Цели на учењето

  • Да се разберат основните компоненти на биолошкиот живот

  • Практично разбирање за тоа како екосистемите се однесуваат во затворен систем

Упатства

Потребни материјали и алатки:

  • Сталакено шише што може да биде затворено (од 1 до 25 литри)

  • Земја

  • Растенија (со мали листови на пример, Ficus pumila, Hedera helix, Sedum spp.)

  • Инка со широк отвор или завиткан весник во форма на инка

  • Прачка или стап што ќе биде доволно долг да го достигне дното на шишето

Упатства (чекор по чекор):

  1. Осигурајте се дека шишето е чисто.

  2. Ставете доволна количина земја земја во шишето користејќи ја инката и стапот. Бидете внимателни да не ставите многу земја на страните на шишето. Препорачливо е да се користи свежа земја, со висока концентрација на органска материја, директно од цвеќара (Секако, доколку ставите кактус внатре треба да одберете земја што ќе биде соодветна за таков вид на растение).

  3. Земете го стапот и направете мала дупка во земјата каде што сакате да го засадите растението.

  4. Доколку растението е преголемо да влезе во шишето, внимателно разделете го и стиснете ја земјата околу неговите корења.

  5. Држете го растението за горните листови и ставете ги стиснатите корења внатре во шишето. Целете кон подготвената дупка и ставете го растението таму. Користете ги стаповите да се осигурате дека корењата имаат доволно контакт со земјата. Повторете ја процедурата доколку сакате повеќе растенија внатре.

  6. Кога ќе завршите, затворете го шишето и ставете го на место со добри светлосни услови, но не на директно сонце!

  7. Обично не мора да додавате вода, но ако не видите кондензирана вода внатре во шишето некое време по затворањето, можеби е потребно да додадете многу мала количина.


Одржување на системот - светлина и вода

Со оглед на тоа што шишето е затворено, многу е лесно да се одржува. Најважниот фактор е секако системот да добива доволно светлина, но без ризик од прегревање. Тоа значи дека можеби ќе мора да го заштитите од премногу зрачење во текот на летото и да има додатна изложеност на светлина во текот на потемниот дел од годината.

Друг фактор што понекогаш создава тешкотии е ако додадете премногу вода. Толку сме навикнати да се грижиме за нашите растенија во саксии што понекогаш им ставаме вода еднаш или двапати неделно, па така истото го правиме и со растенијата во шишето со тоа што им ставаме премногу вода од самиот почеток. Обично влагата во земјата е доволна, бидејќи вода се ослободува кога бактериите почнуваат да го разложуваат органскиот материјал во земјата.

Ресурси

Прашања за размислување

  • Мислите ли дека системот ќе преживее?

  • Колку долго може да расте?

  • Што се случува кога „животниот простор” внатре е исполнет?

  • Што го одржува балансот во системот?

  • Како функционира циркулацијата на вода и минерали?

  • Дали шишето ќе стане потешко како што растат растенијата?

  • Кој или што ја регулира количината на кислород и јаглерод внатре во шишето?

Упатства за поднесување

Поставете една фотографија од вашето шише, и поставете ги вашите пишани одговори на погорните прашања за размислување во Мудл (за да можат и другите да ви дадат фидбек). Упатството за да поставите слики и документи во Мудл се наоѓа овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.

(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)