Колкав е вашиот отпечаток?


Вовед

„Теоријата на хаосот“ го објаснува ефектот „Пеперутка“ како замисла дека многу малите промени (како на пример пеперутката која мафта со крилјата) можат да го променат светот околу себе значително и неочекувано (во случајот на пеперутката, како резултат на тоа се менува патот на ураган на другата страна на планетата). Денес се справуваме со големите последици од одлуките за користење на ресурсите на планетата кои ги сметавме за неважни во текот на човечката историја.


Малите промени кои ги правиме во нашите животи и домови ќе ни помогнат да создадеме одржлив и издржлив свет во кој сите ќе живееме. Aко решиме да не купуваме нов мобилен и да го користиме стариот додека можеме, тоа може да има огромно влијание на животите на стотина рудари (и нивните семејства) во централна Африка, кои ги ископуваат материјалите кои се потребни за да се направат нашите телефони. Ако решиме да возиме велосипед наместо автомобил до работното место еднаш или двапати неделно - тоа ќе го намали испуштањето на јаглерод диоксид и ќе го спречи топењето на ледената прекривка!

Вид на активност

Групна или индивидуална / практична

Времетраење

3 дена

Цели на учењето

  • Да научиме да го пресметаме и смалиме нашиот еколошки отпечаток

  • Да разбереме какво влијание врз светот имаат нашите поедини дела, начин на живот и потрошувачки одлуки  

  • Да ги разбереме концептите на природен капитал, пречекорување, и дека нашиот вид користи повеќе ресурси отколку што планетата може да ни обезбеди со одржливо темпо

Упатства

Упатства (чекор по чекор):

  1. Одете на веб страница на која можете да го пресметате вашиот еколошки отпечаток. Има многу такви страници, како на пример Светскиот фонд за природа (Worldwide Fund for Nature)

  2. Земете ги предвид работите/ делата кои ги сметате за неопходни во вашиот живот за да преживеете, и потоа оние без кои можете да живеете. Запишете ги овие во две различни листи, како споредба од овој вид: „Сакам/ Ми треба“

  3. Одберете неколку нешто од листата „Сакам“ (на пример вашиот автомобил, флаширана вода итн) кои ви го олеснуваат животот, но од кои можете да се откажете без поголема потешкотија.

  4. Направете експеримент: живејте 3 дена без овие нешта. Истовремено стекнете се со некои од еколошките навики што ќе ги најдете на страниците за еколошки отпечаток (на пример пократко туширајте се, купувајте помалку алишта, поправајте ги електронските апарати наместо да купувате нови, возете се со автобус итн.)

  5. Направете го тестот за еколошки отпечаток уште еднаш по овие три дена, и споредете ги резултатите со претходните.

Ресурси   

Прашања за размислување

  • Што ви кажува оваа вежба за взаемната поврзаност помеѓу сите видови, и за тоа како нашите секојдневни дела влијаат врз другите луѓе и Земјата?

  • Како одлуките и делата на другите луѓе низ светот влијаат врз вас?

  • Какво е чувството да се откажете од некои предмети или активности кои не ви се основни потреби?

Упатства за поднесување

Напишете краток извештај (до 200 зборови) во Мудл, со кој ќе го сумирате вашето искуство, и набројте неколку работи од кои сте одбрале да се откажете (оние под листата „Сакам“). Запишете ги бројките од вашиот еколошки отпечаток во извештајот, за да можат другите учесници да ги споредат со сопствените. Упатството како да поставите било што во Мудл се наоѓа овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.
(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)