Уште едни избори


Вовед

Социократијата е процес на донесување на одлуки кој му овозможува на секој член на една организација да има право на глас во нејзиното управување.

Како таква, таа создава повратни информации во системот, овозможувајки проток на информациите не само од горе надолу туку и од долу нагоре. Бидејки секој поединец е дел од целокупниот систем (било да е тоа една организација или заедница), социократијата го цени гласот на секој поединец, знаејки дека е потребно сите да се согласни за да се донесе одлука. Сепак тоа не значи дека секој мора во целост да се согласува со одлуката. Тоа едноставно значи дека за сега може да го прифатиме предлогот бидејки никој нема значителни забелешки против него, и знаеме дека за неколку недели / месеци (во зависност од самиот предлог) можеме да се навратиме на одлуката и да ја измениме ако е потребно. Со други зборови одлуката е „доволно безбедна за да ја пробаме, и доволно добра сега за сега."


Социократијата се разликува од мнозинско гласање бидејки таа навистина воведува еднаквост и слобода во пракса. Во неа се нагласува вклученоста и соработката меѓу сите кои се вклучени. За разлика од мнозинското гласање, овде учесниците можат да разговараат на темата многу потемелно додека не се постигне согласност за предлогот и нема луѓе кои се премногу незадоволни. Во мнозински гласачки систем, каде што „да“ и „не“ се клучни играчи, на крај може 60% од учесниците да велат „да“ за предлогот, а 40% да се остро против него, но предлогот сепак ќе се спроведе бидејки мнозинскиот кворум е постигнат, и 40% од луѓето ќе бидат сериозно незадоволни.


Во оваа активност учесниците ќе се запознаат со социократскиот модел со тоа што ќе го употребат во процес на гласање.

Вид на активност

Групна / практична

Времетраење

Околу 40 минути (во зависност од големината на групата)

Цели на учењето

  • Да учествуваме во транспарентен и омоќувачки гласачки процес

  • Да научиме како да олесниме групно гласање користејки ги социократските принципи

Упатства

Потребни материјали и алатки:

  • Самолепливи ливчиња или листови (најмалку 1 по учесник)

  • Пенкала

Упатства (чекор по чекор):

  1. Назначете олеснувач за изборите. Не е важно како ќе го одберете - важно е да биде личност која добро ја разбира процедурата за да може да го води процесот.

  2. Дефинирајте ја улогата што ќе ја има избраникот: задачи кои треба да ги оствари, вештини кои треба да ги поседува, времетраење на улогата, колку често ќе ја оценуваме личноста дали добро си ја врши работата и кои се критериумите за оценување.

  3. Разделете ги пенкалата и хартијата.

  4. Секој си го запишува сопственото име најгоре на ливчето, и името на личноста која ја номинира долу. Можете да номинирате само личност која е присутна во просторијата (вклучувајќи ве и вас самите)

  5. Прва рунда (номинации): Олеснувачот ги собира ливчињата по ред и потоа ги прашува сите поединечно зошто ја номинирале личноста (номинациите се запишуваат на парче хартија за да не можат да се променат во текот на рундата). Еден по еден учесниците кажуваат зошто го номинирале својот кандидат пред целата група. Причините за номинација мора да се релевантни на потребните вештини за улогата.

Олеснувачот запишува колку номинации добила секоја поединечна личност и исто така обрнува внимание и на аргументите за номинација (по можност ги запишува и нив).

  1. Втора рунда (разјаснување): Учесниците можат да разговараат како се чувствуваат како номинирани, или пак другите можат да им поставуваат прашања на номинираните (на пример, некој може да ја праша личноста која има најмногу гласови дали таа навистина е волна и спремна да ја преземе улогата).

  2. Трета рунда (менување): Откако ќе ги ислуша сите, олеснувачот покажува колку гласови добиле сите номинирани и започнува нова рунда, прашувајќи ги сите дали сакаат да го задржат оној кој го номинирале или пак сакаат да го сменат врз основа на аргументите кои ги чуле од групата (ако сакаат го менува бројот на гласови во согласност со искажаното).

  3. Олеснувачот предлага една личност врз основа на групните мислења и аргументи (таа личност не мора да бида онаа која добила најмногу номинации!)

  4. Олеснувачот предлага три гласачки можности:

    1. Согласност („Се сложувам и подржувам во целост“)

    2. Согласност со загриженост („Се согласувам, загрижен сум за некои аспекти но тоа не ми претставува огромна пречка“)

    3. Приговор („Не можам да го прифатам овој предлог и го имам следниот аргумент за тоа:...“)

Поднесувајки приговор ѝ помагате на групата бидејки посочувате голема загриженост - нешто што би можело да ѝ наштети на групата. Не поставувате вето само заради тоа што не ви се допаѓа личноста туку затоа што имате причина зошто не би можело да се функционира на тој начин, и ја претставувате.

  1. Олеснувачот потенцира дека одлуката мора да биде „доволно безбедна за да ја пробаме, и доволно добра сега за сега", дека секогаш може да биде поништена, и дека во текот на оценувањето ќе го набљудуваме напредокот на избраникот во неговата работа.

  2. Четврта рунда (согласност): Почнувајќи од номинираната личност, од лево кон десно, секој треба да каже дали се согласува, е согласен со загриженост или има приговор. Номинираната личност последна ќе го искаже својот став. Личноста е избрана ако сите гласаат со „согласност“ или „согласност со загриженост“. Ако некој има приговор тогаш личноста не е избрана.

    Ако личноста се изгласа со загриженост кај некои учесници, тие треба да кажат зошто се загрижени. Послушајте ги и прилагодете се според нивните искази ако е тоа потребно.  

Ако личноста не се изгласа, послушајте ги причините заради кои одредени учесници дале приговор, и исто така оние кои се загрижени. Олеснувачот треба да го интегрира фидбекот во предлогот (или пак да побара од некој друг да го направи тоа). Потоа, со променет предлог, одново започнете ја рундата на согласност.

  1. Прославете!

Ресурси

Прашања за размислување

  • Каква разлика забележувате помеѓу овој начин на избирање и начинот кој обично го гледате/ користите?

  • Какви предности може да имате ако ја користите оваа алатка?

  • Што мислите, како би се чувствувала личноста која е избрана на овој начин? Дали тоа би ѝ помогнало да се чувствува попосветено во својата работа?

Упатства за поднесување

Поставете една фотографија, опис на улогата и резиме од процесот на избирање. Осврнете се на тоа што одело добро а што може да се подобри. Запишете ги вашите лични размисли за предностите и мааните на оваа методологија, како и за клучните поенти кои произлегле од одговорите на учесниците на прашањата за размислување. Упатството за да поставите слики и документи во Мудл се наоѓа овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.

(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)