Женска моќ!


flickr photo shared by lolololori under a Creative Commons ( BY-SA ) license

Вовед

Револуцијата на одржливост во општеството е предводена од младите. Но, мора да биде предводена од жени и мажи истовремено. Родовата рамноправност и одржливоста одат рака под рака. Па така, развивањето на лидерски вештини кај младите е особено важно за девојките, бидејќи тие стануваат попасивни во текот на традиционалното формално образование. Преку употреба на разни практики од страна на професорите во формалното и неформалното образование, честопати поттикнуваме родова нерамноправност (со пофалба, фидбек, недостаток на родово-неутрален јазик, социјализација на женственост - професорите ги охрабруваат женските студенти да аспирираат кон женствен идеал, а во овие практики спаѓаат и родовите стереотипи во учебниците). Секој пат кога ќе речеме „машко како машко!” (обидувајќи се да најдеме изговор за нешто лошо што некое машко направило) подджуваме родова нерамноправност. Секој пат кога ќе ја етикетираме некоја девојка како “машкоданка”, поддржуваме родова нерамноправност.


Во оваа активност, младинските работници(чки)/учител(к)и се охрабруваат да употребат некои од методите што може да бидат користени за поттикнување родова рамноправност и лидерски вештини за девојки во формално и неформално образование.

Вид на активност

Групна/практична

Времетраење

2 часа - неколку месеци!

Цели на учењето

  • Да се запознаеме со и да примениме некои методи за родова еднаквост што имаат за цел развивање на лидерски вештини кај девојки во образованието

  • Да се подигне свеста кај младите за некои од проблемите и решенијата во поглед на родова рамноправност

Упатства

Потребни материјали и алатки:

  • Стап за зборување („микрофон“), хамер, маркери

  • Компјутер или проектор за почетното воведно видео

Упатства (чекор по чекор):

  1. Поделете ги учесниците/чките во мали групи од максимум 6,7 луѓе; осигурајте се дека има еднаков процент на машки и женски во секоја група. Не заборавајте: мали групи за дискусија и соработка поттикнуваат учество и на машки и женски.

  2. Започнете ја активноста прикажувајќи видео за родова еднаквост (може да ги користите видеата обезбедени подолу во делот Ресурси).

  3. Дајте им на учесниците/чките 15-20 минути да размислат за видеото/видеата што ги гледаа и да дискутираат за нив со групата. Побарајте им да размислат за родовата рамноправност денес. Користете ги и прашањата за размислување напишани подолу.

  4. Секој/а учесник/чка треба да го сподели своето мислење кога ќе започне дискусијата. За да се поттикне родова рамноправност, може да се користи импровизиран микрофон (стап за зборување) - секој говорник/чка го споделува своето мислење и го подава стапот на наредната личност. Како алтернатива, доколку не се користи стап за зборување, обезбедете доволно време (3-5 секунди пред да се прозве некој по име) - машките обично побрзо креваат рака, додека женските учеснички обично чекаат малку пред да имаат добро-формулиран одговор. Прозивајте ги женските исто толку пати колку што ќе ги прозивате машките (истражувањата покажуваат дека професор(к)ите  несвесно ги прозиваат машките почесто од женските. Добар метод за само-проверка е да се снимите себеси во текот на една лекција/работилница. Исто така, размислете за начинот на кој имате интеракција со женските и машките - избегнувајте да бидете погруби со машките и понежни со женските. Истражувањата покажуваат дека машките добиваат повеќе поддршка и пофалби од страна на професорите - осигурајте се дека давате поддршка на машки и женски подеднакво! И секако, осигурајте се дека користите родово-неутрален јазик во училницата!

  5. Сега учесниците/чките се враќаат да работат во група и треба да најдат инспиративни жени низ историјата кои им пркоселе на традиоционалните норми (ова може да вклучува жени и од сегашното општество). Учесниците/чките можат и на интернет да истражуваат. Овој процес треба да трае околу 20 минути. Секоја група треба да презентира 2,3 жени кои им пркоселе на традиционалните улоги што најчесто се преземени од мажи/жени и имале улога најчесто преземена од мажи. Може да биде женски научници, активистки, жени-борци, од Мари-Кири до Јованка Орлеанка! (Но ве молиме подалеку од девојките во шоу-бизнисот!). Секоја група ги презентира околу 10 минути инспиративните жени што нивната група ги одбрала. Хамер може да се користи за презентација. Ова може да биде цртеж, слика, неколку точки на хамерот или дури и фигура направена од стар весник!  


*Доколку ја правите оваа активност во формално образование, направете инспиративно катче „Женска Моќ”, каде таквите инспиративни жени би можеле да бидат „изложени” на хамер. На овој начин, женските секој ден ќе се потсетуваат на она што може да го постигнат. Процентот на жените во технички полиња и математика е помал од процентот на мажите и ова најчесто се припишува на тоа како ставовите на децата се оформуваат во детството. Женските, наспроти машките, имаат потреба да видат жени во одредени научни полиња пред да можат да се видат себеси во истите улоги. Друга добра активност е да се донесат студентки/математичарки/инженерки да ја раскажат нивната приказна или да организараат мала работилница со ученички - на овој начин, ученичките се инспирираат. Понатаму, можете да организирате посета до технички компании каде женските имаат еднодневна пракса (или пракса во текот на цело лето!) за да се вклучат во секторот на технички науки од мали нозе.

Ресурси

Прашања за размислување

  • Размислете за видеата. Што претставуваат родовите улоги од деството? Кога се формира родот? Што е разликата меѓу род и пол?

  • Зошто треба да се грижиме за родовата еднаквост - која е корелацијата со сиромаштија, работното место итн?

  • Какви поволности имаат мажите од родовата еднаквост?

Упатства за поднесување

Поднесете ги одговорите на прашањата за размислување во Мудл. Упатството за да поставите документи во Мудл се наоѓа овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.

(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)