Солидарност, а не милосрдие!


flickr photo shared by dkantoro under a Creative Commons ( BY-NC ) license

Вовед

“Не е дека луѓето се лоши, но ако направиме контакт со очите, или се вклучиме во разговор, тогаш мора да признаеме дека тие постојат и дека ние веројатно имаме основна човечка потреба да се грижиме. Но многу е полесно само да ги затвориме очите и да ги оградиме нашите срца од нивното постоење.”


Повеќето од нас се сретнале со луѓе на улица во одреден момент од нашите животи, без разлика дали тоа биле бездомници или едноставно маргинализирани малцински групи како што се Ромите. „Долната класа”, „несаканите”, „џганот на општеството”...Ги гледаме, поминуваме покрај нив, некои од нас фрлаат паричка или две, додека другите само ги избегнуваат нивните погледи.


Но колку од нас всушност се осмелиле да разговараат со нив? Колку од нас ги признаваат како човекови суштества и ги поздравуваат наутро или го признаваат нивното постоење со климање?


Во оваа активност ќе се потсетиме дека овие маргинализирани луѓе не се „случаи за добротворни цели”, туку човечки суштества еднакви на нас. Ќе се потрудиме да покажеме солидарност со нив преку разговарање со нив како со пријатели.

Вид на активност

Индивидуална / Групна

Времетраење

1 час / Неограничено

Цели на учењето

  • Да се поврземе со маргинализираните луѓе како еднакви на нас

  • Да се сменат нашите перцепции кон маргинализираните луѓе на улица

Упатства

Подготвителна работа:

Истражете дали има центар за бездомници во близина, понудете се да волонтирате за да се запознаете со маргинализираните групи во вашата област на живење. Можете и само да се прошетате во вашето маало и да набљудувате дали таму има луѓе на улица. Ако е возможно, можете да земете шах, карти, музички инструмент или некоја друга рекреативна активност што мислите дека може да ја направите со луѓето.

Упатства (чекор по чекор):

  1. „Добро утро!” или „Здраво!” е едноставен но одличен начин да се започне разговор. Гледајте ја личноста во очи. „Не-бездомните лица скоро никогаш не ги гледаат бездомниците во очи. Ако само ги погледнете во очи и климнете, тоа е најпочитувачкото нешто што може да го направите.”

  2. Препорачливо е да имате чаша кафе или чај за да им понудите. Во секој случај, земете со себе 2 чаши, една за личноста на улица и една за себе - сакате да покажете солидарност а не да работите во „добротворни цели”. Наместо да ја понудите личноста со топла шоља кафе, можете да покажете солидарност само велејќи: „Дали сакате да споделите чаша кафе со мене?” (ве молиме ако можете најдете кафе со сертификат за „фер-трговија“ ако се одлучите за кафе). Ако личноста прифати, седнете со неа, не стојте и не пијте додека стоите. Ако ви е неудобно да седите, клекнете до личноста.

  3. Можете да го продолжите разговорот прашувајќи: „Како си? Како се викаш?” Ако лицето ви одговара, може полека да почнете да разговарате на обични лесни теми, како на пример колку е добро кафето или колку е ладно времето, за зградата од спротива или било што што ви доаѓа на памет. Откако ке го скршите мразот, може да прашате: „Те гледам како седиш тука од време навреме, па се прашувам каде спиеш навечер?” Потрудете се да ја дознаете приказната на оваа личност, зошто таа/тој е на улица, што и се има случено, каков и бил животот во минатото? Запомнете дека ако личноста е често на улица, не значи дека е бездомник.

  4. Потрудете се да бидете емпатични а не да сожалувате, бидете целосно присутни во секоја интеракција и разговор, слушајте добро се што личноста кажува, гледајте ја во очи, бидете навистина љубопитни. И не мора да понудите решенија, емпатијата значи да покажете разбирање за тоа што личноста го чувствува, само едноставно да кажете: „Те слушам, мора да било многу тешко да го преживееш тоа. Ти благодарам што го споделуваш тоа со мене” може да биде многу помоќно од донесување магични решенија. Се разбира, добро е ако можете да прашате како би можеле да им помогнете или да ја препратите личноста до најблискиот центар за бездомници (ако воопшто го има), но потрудете се да не давате решенија.

  5. Насмевнете и се на личноста. Не се плашете да ја допрете, дури и ако е тоа само тапкање по рамо! (Но бидете претпазливи - не сите луѓе го сакаат тоа, па ке мора да процените сами). Важно е да се признае лицето како човечко суштество, како еднакво на себе. И зошто да не, кога ќе се збогувате со нив, понудете им прегратка!


ИЗБОРНО 1

Ако е возможно, обидете се да ја запишете личната приказна и објавете ја во некое списание. Тоа е моќен начин да им се даде глас на маргинализираните луѓе/бездомниците. Пишувањето е добар начин да се направи индиректна акција кога станува збор за социјален активизам.


ИЗБОРНО 2

Има многу солидарни иницијативи низ светот кои охрабруваат бездомни спиења, каде не-бездомни луѓе поминуваат ноќ спиејќи на улица. Ако е возможно, пробајте да поминете една ноќ со бездомник. Ако не се чувствувате пријатно да го направите тоа сами, можете да ги поканите вашите пријатели да ви се приклучат! Или уште подобро: направете онлајн настан (како на пример на Фејсбук) и организирајте бездомно солидарно спиење како политичка изјава! Ова е моќен начин да се подигне свеста за бездомниците кај населението но и помеѓу учесниците бидејќи директно ќе доживеете барем мал дел од маките што овие луѓе ги претрпуваат - „ноќ во нивните чевли”.

Ресурси

Прашања за размислување

  • Што научивте за маргинализираните луѓе на улица?

  • Која беше приказната (ако ја има) што тие ја споделија со вас?

  • Дали ова искуство донекаде ги промени вашите перцепции за луѓето кои престојуваат/спијат на улица?

  • Дали ќе направите нешто различно во иднина кога ќе ги сретнете овие луѓе после активноста што ја направивте?

Упатства за поднесување

Одговорете ги прашањата за размислување и поднесете ги одговорите во Мудл. Упатствата за поставување фотографии и документи во Мудл се наоѓаат овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.
(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)