Интеракција со (локалната) власт


flickr photo shared by chrisjohnbeckett under a Creative Commons ( BY-NC-ND ) license

Вовед

Вие сте млади и горите за промена и подобар свет… но чувствувате дека ретко ве слушаат големите институции и властта. Како тогаш да ја создадете долгоочекувата промена? Честопати најголема улога играат средствата кои ги користите. Иако петициите и предлозите за проекти во општините се валиден начин за комуникација со локалната и државна власт, постои растечка потреба да ги надминеме и да истражиме покреативни средства за комуникација со политичарите и другите релевантни фактори во општеството.


На пример, луѓето во Јужна Африка го користат „Тоји-тоји“ танцот како политички перформанс за време на протестите - удираат со петите и скандираат (политички) слогани за да го искажат своето незадоволство од власта и да бараат промени). Протестите не мора да бидат гневни, може да се пренесе посакуваната порака и преку забава и смешки. На пример групата „ЦИРКА“ (кловнови кои протестираат) користат хумор на демонстрации. Од „Окупацијата на Вол Стрит“ и „Арапската пролет“ може да се извлече поука дека е важно да се има поразлична форма на граѓанско организирање и современ интернет активизам преку разни платформи на друштвени медиуми како што се Фејсбук, Твитер, MoveOn.org итн. Други поконтроверзни методи можат да бидат граѓанската (ненасилна) непослушност па дури и голотијата како вид на протест, која се користи на пример од протестната група „ФЕМЕН“ која протестираше против сексизмот, сексуалните туристи, меѓународните брачни агенции итн. Помалку раширен но доста контроверзен начин на протест е сексуалниот штрајк. Кога жените од колумбијскиот град Барбакоас почнаа со сексуален штрајк (движењето „прекрстени нозе“) за да им извршат притисок на мажите да им се приклучат во лобирањето врз власта да изгради безбедни патишта до нивниот град кој до тогаш беше отсечен (и небезбеден), власта конечно ги послуша и почна да ги обновува патиштата.


Оваа активност има за цел да ги истражи алтернативните методи на интеракција со локалната власт и да ги поттикне младите активно да учествуваат во локалната заедница.

Вид на активност

Групна / практична

Времетраење

Цел живот смешко

Цели на учењето

  • Да ги поттикнеме младите да станат политички активни и активни граѓан(к)и

  • Да експериментираме со алтернативни форми на активно граѓанство и да придонесеме за одржлив развој на локалната заедница

Упатства

Упатства (чекор по чекор):

  1. Поврзете се со истомисленици кои се борат за истата кауза како и вие. Договорете се како заеднички ќе влијаете на локалните политики, инфраструктира или пракси поврзани со проблемите на заедницата кои ги сметате за важни. Групата треба да создаде визија од заеднички сон поврзан со ова (локално) прашање, да ги дефинира задачите, целите, и да утврди кога може да се сметаат за остварени. На пример поставете си ги следните прашања:

    1. Зошто локалната политика, инфраструктура и пракси се такви какви што се?

    2. Како би можеле да ги подобриме со минимална првична или долгорочна цена/ време/ непријатности?

  2. Истражувајте на интернет или разговарајќи со службите за информации на вашата локална власт за тоа кое избрано тело, граѓанска служба или канцеларија е одговорна за донесување одлуки по прашањето кое ќе го одберете. Кои се различните можни стратегии за да се промени начинот на справување со ова прашање? Имајте на ум и директен дијалог со носителите на одлуки, медиумски настан(и) за подигнување на вниманието или пак масовна мобилизација на граѓан(к)и кои би ја поддржале вашата кауза. Спроведете истражување за креативни начини за пренесување на пораки - политичарите честопати се доста затворени, и можеби ќе треба да употребите нешто повеќе од дијалог, како на пример:


  1. Ако немате доволно поддршка од локалното население, обидете се да организирате кампањи за покренување на свеста, како на пример „трчање за каузата“ (маратонски активизам), користење на уметноста за да покренете прашање (погледнете погоре), пишување во локалниот весник итн. Соработката во заедницата и создавањето на отворени простори каде луѓето можат да дискутираат за социјални прашања исто така може да промовира критичко размислување. Ова може да биде едноставен и импровизиран простор како на пример еден обичен парк.

  2. Кога ќе дојдете до директен дијалог со политичарите или други релевантни играчи, не заборавајте претходно да имате изготвено предлог за промени. Дали вашиот предлог е добар за повеќето луѓе, односно дали повеќето ја подджуваат вашата перспектива? Зошто треба локалната власт да го прифати вашиот предлог?


  • Одберете го прашањето што силно тангира што е можно повеќе луѓе.

  • Предложете спроведлива промена во моменталниот систем.

  • Одберете соодветна стратегија и создадете кампања која ќе спроведе промени по ова прашање.

  • Тестирајте ја стратегијата со тоа што ќе спроведете акција/ настан/ средба/ промоција во јавноста.

Прашања за размислување

  • Какви потешкотии имавте кога комунициравте со претставници на локалната власт?

  • Кои младински прашања ви се најбитни за да станете релевантни во работата со локалната самоуправа?

  • Какви методи на интеракција со (локалната) власт(та) употребивте?

  • Што би и препорачале на локалната власт за создавање на механизми за корисно ангажирање на младите?

Упатства за поднесување

Поднесете пишани одговори на прашањата за размислување во Мудл. Упатствата за поднесување слики и документи во Мудл се наоѓаат овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.

(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)