Прегрнете ги своите сенки


flickr photo shared by Michelle Brea under a Creative Commons ( BY-NC-ND ) license

Вовед

„3-2-1“ процесот е развиен од Кен Вилбер и неговите соработници на Интегралниот Институт како едноставна и ефективна алатка за работа со „сенките“. Процесот помага да ги откриеме нашите „сенки“ (потсвесни мисли и емоции), за да станеме свесни за нив и да можеме да работиме со нив. Треба огромна енергија за да се сoкријат нeкои аспекти од нашиот живот на овој начин. Енергијата потребна за да се поттиснат или негираат истите може да биде пренасочена кон други, поубави нешта. Кога ќе ја осознаеме нашата „сенка“ ги интегрираме откажаните аспекти од нас самите, ја ослободуваме енергијата која сме ја користеле за да ги скриеме истите, која потоа може да се користат за многу поубави цели.


Оваа вежба ги вклучува учесниците користејќи процес на водење дневник со цел да се истражи како нивната „сенка“ се пројавува во нивните секојдневни животи.


*Оваа вежба може да предизвика силни емоции. Обезбедете им безбеден простор на учесниците, и побарајте од нив да не избираат од прва проблем на кој имаат силни реакции.

Вид на активност

Индивидуална/група, Практична. [Учесниците може да изберат дали ќе работат индивидуално или со партнер за секој чекор].

Времетраење

90 минути

Цели на учењето

  • Да се препознаат нашите модели на реагирање и деловите од нас кои ги негираме, да ги манифестираме нив во другите

  • Да се добие свесност за тоа како ние се поврзуваме со другите и да практикуваме методи за разрешување на конфликти

  • Да се продлабочи разбирањето дека ние сме значајно поврзани

Упатства

Потребни материјали и алатки:

Книги, пенкала

Упатства (чекор по чекор):

  1. Кажете им на учесниците да помислат на некој пример, ситуација или личност која им предизвикала емоционална реакција (позитивна или негативна, но да не е пресилна) во минатиот месец [Дајте им 3 минути на учесниците за да изберат таква личност, учесниците индивидуално ке го прават овој чекор].

  2. Кажете им на учесниците да го напишат примерот во своевиден дневник, без многу да размислуваат за истиот, без да осудуваат. [10 минути]

  3. Поканете ги да ги споделат нивните искуства во парови во рок од 5 минути.

  4. Замолете ги учесниците пак да погледнат во дневникот и (замислувајќи дека се во дијалог со личноста/ситуацијата која ја замислиле првично) да размислат за следниве прашања.

    1. Зошто го правиш ова?

    2. Што сакаш?

    3. Што сакаш да ми покажеш?

    4. Што треба да ме научиш?

  5. Потоа кажете им научесниците да го замислат одговорот на личноста и да го запишат. [Дајте им на учесниците 15 минути за запишување]

  6. Поканете ги учесниците да се замислат дека се таа личност, имајки ги на ум квалитетите што или ги нервираат или ги фасцинираат, и да одговорат како личноста од нивниот дневник. [10 минути].

  7. На крајот на пишувањето замолете ги учесниците да се вратат кај својот партнер од парот на почетокот и да забележат дали, на пример, ќе ги најдат овие откажани квалитети во себеси или пак можеби имаат други заклучоци. [5 минути по личност].

  8. На крај соберете ја целата група заедно за 20 минутно споделување, користејки ги прашањата за евалуација.

Прикачени документи за поддршка

2 минутно видео објаснување на вежбата:  https://www.integrallife.com/integral-life-practice/3-2-1-shadow-process [Англиски јазик]

Прашања за размислување

  • Дали нешто се појави од вежбата што ви даде нов увид во себе?

  • Дали се чувствувате дека сте решиле/обратиле некои силни чувства кои ве обземале?

  • Дали забележавте некоја промена во вашите чувства кон себе и другата личност?

Упатства за поднесување

Прикачете 5 фотографии од групната работа. Прикачете кратка евалуација за тоа како се одвивал процесот. Упатствата за поставување слики и пораки во Мудл се наоѓаат овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.

Поврзани теми

  • Решавање конфликти

  • Наша страна / Туѓа страна

  • Саморефлекција

Автор

Creative Commons - ySI4R тим за содржина. Инспирирано од процесот 3-2-1 од Кен Вилбер.
(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)