Планинарење


flickr photo shared by lorenkerns under a Creative Commons ( BY ) license

Вовед

Природата е и добар учител и совршена училница истовремено. Набљудувајќи ги природните шаблони сфаќаме како функционира светот и како разните елементи се испреплетени. Каде на друго место може да научиме повеќе за рециклирање и реупотреба, ако не во природата? Ништо не се троши залудно, секој дел од живите суштества се јаде, се вари и се разградува. И кога започнува нов циклус, мртвата материја станува извор на живот.


Природата исто така ни ги ослободува умовите од социјалните ограничувања и урбаната расеаност. Оваа активност ни дава можност да ја истражиме животната средина и да се поврземе со неа, но и да ги подобриме нашите социјални вештини и подобро да се разбереме себеси.

Вид на активност

Групна / практична

Времетраење

2 до 6 дена планинарење, по избор на групата.

2 до 4 дена подготовка во зависност од рутата.

Цели на учењето

  • Да ги разбереме и цениме другите луѓе и различноста во општеството, да се активираме на социјален план

  • Да научиме за екосистемите и природните шаблони

  • Да развиеме вештини за водење и лична издржливост

Упатства

Потребни материјали и алатки:

  • Детални информации за одбраното место: мапи, планинарски рути, по можност и ГПС итн., информации за временските услови во областа, информации за поединците во групата (како на пример дали некој има здравствени проблеми итн.)

Упатства (чекор по чекор):

  1. Можете да планинарите во блиската природа, или пак да отидете некаде подалеку. Плановите и дискусиите се вклучени во задачата и се дел од друштвениот предизвик. Планинарењето треба да е изводливо, но и доволно тешко за да се развијат вештините опишани погоре.

  2. Организирајте ја групата за да го испланирате планинарењето. Понудете неколку можни локации за планинарење што групата може да си ги дозволи, но имајте на ум да понудите и доволно голем предизвик и времетраење.

  3. Групно одлучете за локацијата, времетраењето и општите потреби.

  4. Осмислете улоги за планинарењето: организатори на патот, одговорни за набавка на храна, готвачи, лекари, организатори на спортски активности и игри, мерачи на време, модератори на дискусија, фотограф, блогери, итн. Совети: проверете дали луѓето во групата имаат посебни вештини, како на пример за правење видео или музика. Бидете креативни! Исто така  доделете некому улога да поттикне учење преку набљудување на природата.

  5. Поделете ги улогите и создадете шема за нивно менување - за време на планинарењето учесниците ќе си ги разменуваат улогите. На учесниците ќе им требаат неколку часа до неколку дена да го организираат планинарењето според нивните улоги (патот, храната, активностите итн.). Олеснувајте го процесот и внимавајте на тоа планот за планинарење да биде безбеден и забавен.

  6. Размислете кои активности од други модули во овој курс можат да се применат за време на планинарењето. Проверете го групното планирање и подготовка.

  7. Тргнете на планинарење! Запамтете: олеснувајте го процесот, но дозволете и да се создаде групна динамика.

  8. Набљудувајте и запишувајте што се случува за време на планинарењето, обрнувајќи внимание на процесот на ротирање на улогите.

Прашања за размислување

  • Што научивте?

  • Што ви претставуваше најголем предизвик?

  • Кои екосистемски процеси ги забележавте?

  • Кои друштвени активности одиграа важна улога во процесот?

Упатства за поднесување

Поставете слика од планинарењето на интернет, како и краток преглед од планинарењето во Мудл. Слободно можете да ги споменете предизвиците и она што и остави најголем впечаток на групата. Упатството како да поставите фотографии и било што друго во Мудл се наоѓа овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.

Поврзани теми

  • Гаја прошетка

  • Ненасилно комуницирање

  • Длабока екологија

  • Одберете било која активност од другите модули и спроведете ја за време на планинарењето, на пример вечерно време или на пауза

(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)