Уметност на заедништвото


flickr photo shared by B Darling under a Creative Commons ( BY-NC-SA ) license

Вовед

Европа моментално се соочува со еден од најголемите примери на човечка миграција во денешно време. Иако резултатите на ова мешање на културите беа многу инспиративни и позитивни, со моќни пораки за единство меѓу секој човек, солидарност без граници, прифаќање и топло добредојде за културната разновидност, сепак не е сè така розево. Со зголемувањето на исламофобијата, анти-семитското и анти-мигрантското расположение кое се шири низ Европа, екстремната десница која се здобива со популарност во многу земји и очигледниот домино ефект на подмолни и насилни напади врз поедини бегалци како и цели бегалски кампови во различни земји, постои растечката потреба за решавање на овој алармантен пораст на нездрави тензии помеѓу културите.


Јасно е дека сè уште треба многу да се работи за подобро да се интегрираат луѓето, за што има насушна потреба. Како можеме да ги зближиме луѓето? Уметноста, која е присутна во сите култури, е одличен начин да се интегрираат нашите визии без зборови. Заедничкото создавање уметност (исто така познато и како уметност на заедништвото, партиципативна уметност, ново-жанровска јавна уметност и сл.) поттикнува толеранција и заедништво меѓу различните култури и создава култура на соработка само по себе, која потоа се шири во сите области на животот. Кога уметноста ќе се фокусира кон социјална кауза, таа може да се искористи како моќна алатка за да се прошири обемот на интеракција. Уметниците кои практикуваат заеднички креативни процеси можат да бидат катализатор за социјални промени.

Вид на активност

Практична/ групна

Времетраење

Подготовка: неколку часа во зависност од можностите кои ни се на располагање

Времетраење на активноста: 2-3 часа (можеби и повеќе)

Цели на учењето

  • Полесно да прифаќаме културни разлики

  • Да ја искористиме моќта на уметноста во заедницата за да поттикнеме сплотеност и единство меѓу луѓето кои меѓусебно имаат конфликти

Упатства

  1. Однесете група млади луѓе во бегалски камп во ваша близина  [ако нема бегалски кампови, посетете ромски младински центар, или било каква друга организација која работи со луѓе од различна култура]

    1. Однапред контактирајте ги одговорните за местото кое ќе го посетите, за да ве упатат што да донесете, како да ги подготвите младите пред да стигнат и каде да се сретнете претходно

    2. Организирајте превоз, но исто така слободно побарајте од учесниците да учествуваат во планирањето за да се почувствуваат како дел од проектот, а не како гости.

    3. Наместо тоа можете и да поканите имигранти/ бегалци да дојдат на местото на групната активност, или пак да најдете заедничко место за средба како на пример парк или плоштад.

  2. Интегрирајте ги луѓето од кампот (или организацијата) во вашата група. Дојдете со спремни игри за „кршење на мразот“ и запознавање - важно е младите да се почувствуваат безбедни и мотивирани.

  3. Подгответе ја површината за уметничко изразување: на пример ѕид (на кој што тоа е дозволено), големо платно или хартија.

  4. Како вовед дајте приказна за „пуст остров“: групата е киднапирана од вонземјани кои ја оставиле на пуст остров. Сега тие треба на тој остров да ја создадат нивната идеална земја или свет - заедно.

  5. Објаснете дека нема претходно обмислени правила кои треба да ги следат, нема граници и држави, можат да создадат што сакаат но мора тоа да го направат заедно. Сите треба да се задоволни со крајниот резултат.

  6. Почнете!

  7. Откога ќе се создаде уметничкото дело, организирајте го просторот за дискусија на прашањата за размислување (видете подолу).

  8. Запамтете: направете многу фотографии! [со дозвола на оние кои ги сликате]

Ресурси

Прашања за размислување

  • Дали нешто се промени во вашиот однос кон луѓето околу вас за време на креативниот процес?

  • Дали научивте нешто ново за културата која ја сретнавте денес?

  • Како се чувствувавте додека заедно создававте - дали почувствувавте тимски дух?

  • Тешко ли беше да се внимава на потребите кои произлегуваат од културата на останатите?

Упатства за поднесување

Поставете слика од крајното уметничко дело и пишан извештај во Мудл. Упатството како да поставите слика или било што во Мудл се наоѓа овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.

(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)