Играње со системи


Вовед

Во текот на развојот на западното општество, луѓето дошле до гледиштето дека светот е механички систем каде компонентите се одделени со јасни граници. Ние настојуваме да ги поделиме работите на помали делови и го гледаме одблизу секој дел, заборавајќи како тие влијаат едни на други. Во таква редукционистичка перспектива, системот или објектот обично го разбираме кога ќе се сведе на збир од делови, и се обидуваме да разбереме како тие делови се вклопуваат заедно. Овој начин на размислување исто така се применува и на живи суштества, екосистеми и општества, како и на историските настани како серија на линеарни реакции. На пример, моменталната миграција на бегалци во светот се гледа само како резултат на бегање од војни во далечни земји, без да се земе предвид комбинацијата на социо-економски и еколошки фактори кои водат до човечка миграција. Па така полесно е да ја наречеме „бегалска криза”, отколку да ја погледнеме моменталната ситуација особено во контекстот на нашиот западен социо-еконосми систем на модерен капитализам.


Додека линеарната перспектива секако има своја употреба и овозможи значаен напредок во технологијата, науката и на други полиња, предизвикот со оваа линија на мислење е тоа што не ја зема предвид вистинската сложеност на нашата реалност. Збирка на органи споени заедно не прават функционален организам, и оваа линија на логика е одговорна за односот на планетата и човечкиот социјален систем. Сепак, општествата и екосистемите не функционираат само врз основа на реакции, туку како сложени системи.


Сложените системи имаат свои специфични квалитети и модели. Неверојатната заплетканост на термитското дувло или пчелината кошница е одличен пример да се сфатат овие видови на системи. На пример, термитите ја регулираат температурата во нивната средина врз основа на серија од хемиски сигнали кои се разменуваат помеѓу индивидуални термити, проследено со вода која се додава стратешки за да лади, или зголемено движење на термитите (со вибрирање) за да создадат топлина. Оваа сложена биолошка и социјална структура не би можела да биде разбрана со разгледување на еден индивидуален термит. За луѓето да продолжат да живеат на планетата, важно е тие да добијат пософистицирано разбирање за земјата и сите живи суштества кои се на неа. Треба да започнеме да гледаме на нашиот сопствен социјален и еколошки систем, како и на основните екосистеми кои го прават животот на оваа планета возможен, низ призмата на сложеноста. Потоа треба да комуницираме со овие системи врз основа на ова разбирање.

Вид на активност

Групна [барем 10 луѓе се потребни за оваа вежба] / Практична

Времетраење

Секоја активност трае околу 30 минути.

Цели на учењето

  • Да се добие чувство на „колективна свест” каде никој не е лидер

  • Да се набљудува сложеноста на системите

  • Да се забележи како системот реагира кога се менуваат условите

  • Да се научат игри кои го покажуваат концептот на системи и комплексност

Упатства

Потребни материјали и алатки:

  • Голем отворен простор каде што луѓето ке може слободно да се движат наоколу

Упатства (чекор по чекор):

Движење во системи

  1. Поканете го секој учесник тајно да избере по две лица од групата.

  2. Кажете им на сите учесници да почнат да се движат низ просторот и да се потрудат да одржат еднакво растојание помеѓу двете лица кои ги избрале претходно. Групата ќе почне да се движи и луѓето ќе почнат да одржуваат растојание помеѓу нивните две избрани лица.

  3. Кажете им на учесниците да се потрудат и да ги набљудуваат моделите на движење додека продолжуваат да одржуваат еднакво растојание помеѓу нивните две избрани лица.

  4. Променете ги правилата: Сега кажи им на учесниците да изберат две различни лица во тишина. Овој пат да изберат една од тие личности како штит кој мора секогаш да биде помеѓу нив и другата избрана личност. Осигурајте се никој никому да не каже кого одбрал.

  5. Повторно, кажете им на учесниците да се потрудат да ги набљудуваат моделите на движење на сите во релација еден со друг. Кажете им да се обидат да забележат дали има разлика помеѓу моделите на движење од првата вежба и другата.  

Движење во единство

  1. Поканете ги учесниците да се движат полека низ просторот во тишина.

  2. Кога некоја личност сака да застане, може да застане. Кога некој ќе застане, сите останати во групата мора да застанат.

  3. Кога некоја личност сака да започне да се движи повторно, останатите од групата започнуваат да се движат повторно.

  4. Дел 2: Продолжете да чекорите и наместо некоја личност да одлучи да запре, обидете се целата група одеднаш да започне и да застане без некоја одредена личност да одлучи за истото.

  5. Дел 3: Повторете ги чекорите од 1 до 3 НО учесниците да затворат очите, да се движат полека, и да се потпрат на другите сетила за да да почувствуваат кога некоја личност застанала.

Ресурси

  • The Systems Thinking Playbook (Linda Sweeney and Dennis Meadows) 2010

Прашања за размислување

  • Движење во системи: Дали забележавте појавување на некакви шеми додека се движевте сите заедно? Ако да, кои беа тие?

  • Движење во системи: Што забележавте додека се движевте заедно како група?

  • Движење во единство: Ако иницираше „стоп“ или „старт“ - какво е чувството да влијаеш на делувањето на другите?

  • Движење во единство: Како се чувствуваше кога се движеше со целата група?

  • Движење во единство: Кога ги затвори очите, како почувствува во кој момент целата група застана или започна со движење?

  • Дали има уште нешто што би сакал/а да споделиш за искуството?

Упатства за поднесување

Поднесете евалуација за искуството, врз основа на на прашањата за размислување (до 200 збора). Прикачете фотографија од активноста. Упатствата за прикачување слики и документи во Мудла се наоѓаат овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.
(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)