Мисија


Вовед

„Мисија” е групна активност за тим-билдинг. Во текот на оваа активност, учесниците имаат мисија да го изградат внатрешниот систем на вселенски брод кој ќе патува 6,000 години. Создава забавен и возбудлив процес на групна креативност, при кој учесниците можат колективно да учат како да почнат да градат одржливи системи. Покренува прашања од еколошка и економска перспектива на одржливост и ги предизвикува учесниците да размислувааат долгорочно и да размислуваат поопширно за преживувањето на човечкиот род, како и за основните негови потреби.

Вид на активност

Групна/Практична

Времетраење

1.5-2.5 часа

Цели на учењето

  • Да се запознаеме со основните нешта што ни требаат за преживување и за сложените системи кои се потребни да го поддржат животот, на бродот како и на нашата планета

  • Да работиме заедно како група да го решиме проблемот кој е претставен во активноста (тим-билдинг вештини)

  • Да бидеме креативни при изнаоѓањето на можни начини за долгорочен (одржлив) човеков опстанок

Упатства

Потребни материјали и алатки:

  • Големи хамери за цртање на вселенскиот брод

  • Маркери, боички.

Упатства (чекор по чекор):

  1. Поделете ги учесниците во групи од идеално 5-7 луѓе

  2. Дајте им ги следните насоки на учесниците:”Назначени сте од Планетарниот Совет да ја организирате и да учествувате во една од најголемите авантури во човековата историја: Ќе опремите огромен вселенски брод да одите на патување за какво што досега не сме ни чуле. Ова се условите:

    1. Патувањето ќе трае 6000 години.

    2. Не мора да мислите за погонот на бродот, ни за неговата надворешност.

    3. Имате пристап до соларна енергија во текот на целото патување.

    4. Не повеќе од 100 луѓе смеат да бидат на бродот истовремено. Што ќе понесете?”

  3. Најпрво, замолете го секој учесник да започне со индивидуален бреијнсторминг процес (бура на идеи) околу 10 минути за да набројат сè што замислуваат дека би сакале да понесат.

  4. Потоа дајте им 20 минути да го дискутираат ова со нивната група, без да етикетираат нешто како „грешно”, туку едноставно да си дадат простор креативно да ги споделат своите идеи и причините зошто решиле да го понесат секој предмет. Поминете неколку минути со секој група, слушајќи ги дискусиите и интервенирајте доколку е потребна помош да почнат да мислат колективно.

  5. Потоа секоја група добива голем хамер и одбираат прибор за цртање (маркери итн.) за да почнат да го создаваат внатрешниот дизајн за вселенскиот брод колективно. Треба да најдат начин да работат заедно, да се сослушуваат и да одлучат што ќе понесат во бродот. Доделете им 45 минути за оваа задача, вклучувајќи го и цртањето на бродот.

  6. Поминете време со секоја група прашувајќи ги прашања за поддршка и критички прашања за да го стимулирате мисловиот процес. Избегнете да давате решенија и детални одговори. Бидете подготвени на тоа дека учесниците ќе искусат специфични мисловни етапи - разгледајте го прикачениот документ подоле. Овозможете им простор за сите овие етапи.

  7. Замолете ги групите да ги претстават своите дизајни (околу 10 минути за секоја група). Групите можат да презентираат и со помош на постер, Power Point презентација или да ја раскажат својата приказна на друг интересен начин.

Материјали за поддршка

Етапите на мисловниот процес во Мисијата

Прашања за размислување

  • Кои се главните лекции што оваа игра ви ги обезбеди на тебе и на другите учесници?

  • Како беше да се работи заедно како група за да се направи дизајнот на вселенскиот брод? Лесно, забавно, тешко?

  • Што научивте преку тоа што работевте заедно?

  • Што научивте за одржлив дизајн, системи и комплексност?

Упатства за поднесување

Поднесете ги писмено одговорените прашања за размислување, како и фотографија од најдобриот дизајн, за другите учесници да можат да ви дадат фидбек. Упатството за да поставите слики и документи во Мудл се наоѓа овде.

Упатства за оценување

Обезбедете фидбек за најмалку еден учесник во активноста. Упатствата за фидбек се наоѓаат овде.

Автор

Creative Commons - ySI4R тим за содржина (преземено со дозвола од Волфганг Брунер)
(Сè уште нема теми на дискусија во овој форум)